Домашни средства за отстранување на мрсни дамки (флеки) од облеката
Мрсните дамки лесно може да се најдат на нашата облека, но тешко може да се отстранат. Ако на вашата омилена облека се наоѓаат мрсни дамки, ние ви предлагаме неколку начини за да ги отстраните истите, со состојки кои се наоѓаат во вашата кујна.
Доколку дамките се свежи...
Пченкарен скроб. Доколку случајно на вашата облека се најде непосакувана дамка од масло, а при рака имате пченкарен скроб, нанесете веднаш врз дамката и оставете да стои 15 минути. Потоа отстранете го скорбот од алиштата, а облеката ставете ја во машина за перење.
Сол и алкохол. Најдобро решение за дамките на фармерките или на облеката направена од лен е смесата од сол и алкохол. За да ја направите оваа смеса, измешајте една лажичка сол и три лажички алкохол. Со помош на мека крпа нанесете од смесата врз дамката и оставете да делува 10-15 минути, а потоа нормално исперете ја облеката.
Отстранување на стари дамки од облеката
Кола сокови. Познато е веќе подолго време дека кола газираните сокови имаат неверојатен квалитет за чистење, како резултат на нивното својство да разградуваат речиси се. Ставете сок врз дамките и оставете да делува 1-2 часа. Потоа исперете ја облеката.
Автор: Марина Стефановска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување








