Ѓумбир, синоним за „Супер храна“
Свеж или сув, во чај или на било кој друг начин ѓумбирот е незаменливо добра храна!
Неговиот печат врз здравјето го ставаат следните придобивки кои го издвојуваат и му даваат многу предности:
Ќе започнеме со една интересна предност. Ако немате апетит ѓумбирот е совршен да земете мала доза пред оброк, затоа што ги „буди“ дигестивните сокови, а од друга страна ова придонесува и за побрзо и подобро варење на храната и слабеење.
Ѓумбирот има антибиотичко дејство и делува превентивно и терапевтски при настинки и грип.
Има огромен придонес при проблеми со стомакот.
Ја подобрува апсорпцијата и асимилацијата на есенцијалните хранливи материи во телото.
Помага против утринска мачнина и гадење кое се јавува пост оперативно.
Делува анти воспалително.
Се бори против канцер на јајниците.
Многу е корисен за спречување и помош против гадење при патување.
Посебно корисна придобивка е помошта која ја дава при враќање на киселините од желудникот на горе во хранопроводот, па се до грлото.
Ослободува од мигрена.
Ги чисти „микроциркулаторните каналчиња“ во телото, вклучително и оние на синусите кои имаат тенденција на затворање.
Ѓумбирот е решение против менструални грчеви.
Превенира дијабетес.
Имате проблем со гасови во стомакот? - Само земете ѓумбир тој ќе го редуцира проблемот.
Не можете да се спасите од инсектите во спалната соба? - Ставете ѓумбир во сад со вода и ослободете се. А како додаток на ова има уште една информација која ќе ви годи, ѓумбирот делува како афродизијак.
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување









