Компирот како храна и лек
Историско потекло и факти
Поради хранливите материи кои ги содржи и лековитите својства, компирот (на лат. Solanum tuberosum) се користи за исхрана на луѓето, но исто така и на домашните животни скоро во сите земји од светот.
Компирот потекнува од Јужна Америка, а во Европа е донесен во 16-тиот век и денес се одгледува во многу краеви. Компирот е повеќе годишно зелјесто растение, со различна големина на плодот.
Во светот постојат повеќе од 1500 сорти на компири кои настанале со вкрстување и прилагодување на разните поднебја. Кај нас најпознати се: јерла, клеопатра, атлантик, брајт, фијана, дезире, адора, лизета и кондор. Компирот е сезонски зеленчук (лето-есен) кој успева на рамничарски, но и планински предели и во исхраната се користи постојано бидејќи е едноставен за складирање и обработка.
Компирот содржи малку калории и голем број на хранливи материи и лековити состојки како што се:
„Баластни материи“ (несварливи материи кои обезбедуваат енергија)
А доколку сакате да го прчитате вториот дел за начинот на користење, корисното дејство и начинот на делување, кликнете тука.
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување