Човек ќе се роди ќе му дадат име ќе го заковаат за некакви одредници географски бројчани ќе му кажат – верувај во ова не верувај во она мрази го секој што не е како тебе сакај го ближниот свој Ќе се роди и ќе умре, чекајќи некое ново небо безгранично топло како првата прегратка на Мајката Земја Ќе се родиш и тераш точак кола проблеми први заби и последни пелени се сонуваш себеси дека можеше да бидеш подобар од ова а пак немаш платено рата од кредит сонуваш во пар а на вратата ти стои табличка со едно презиме мируваш а бранови те носат тонеш во побуди и заблуди Човек ќе се роди и пред да се сети дека треба да живее тој умрел оставајќи ги саксиите цвеќе ненавадени душите што ги љуби ненасадени ѕвездите што ги гледал засрамени. Затоа: Живеј. - Ана Голејшка














