ГЛАСАВ за ЖИВОТ во МАКЕДОНИЈА ❤ #заЖИВОТвоМАКЕДОНИЈА
occasionally subtle

PR's Tumblrdome

Jar Jar Binks Fan Club
noise dept.

oozey mess
cherry valley forever
official daine visual archive
macklin celebrini has autism
No title available
Game of Thrones Daily
Cookie Run:Kingdom Official!
The Stonewall Inn
Noah Kahan

@theartofmadeline

shark vs the universe

pixel skylines
Doug Jones

tannertan36

Jimmy Eat World
The Bowery Presents
seen from United States
seen from Australia

seen from United States
seen from United States
seen from United Kingdom
seen from United States
seen from United States
seen from United States
seen from United States
seen from United States
seen from Philippines
seen from United States
seen from United States
seen from United States

seen from United States

seen from United States
seen from United States
seen from United States

seen from United States

seen from United States
@vibomi
ГЛАСАВ за ЖИВОТ во МАКЕДОНИЈА ❤ #заЖИВОТвоМАКЕДОНИЈА
Ова е Ведрана [8]. За роденден посака забава со донации за бездомни животни место подароци ❤ ❤ ❤
СПИРАЛА НА РУМОРОТ
СПИРАЛА НА РУМОРОТ
Спиралата на молкот се заврте... со голема брзина, во погрешна насока...
Мора да смениме однос кон [држава] и [политика] и [политичар] и [партија] и [власт].
[политичар] не е life time занимање. Во [политика] треба да можеш да влезеш и да излезеш кога сакаш. Значи секој ама баш секој што има да даде нешто од јавен интерес во политиката може и мора да влезе до уши за да направи квалитетна промена. Цацко од Конопиште не може да знае што им треба на луѓето што биле на улица 6 години додека ги арчел парите од субвенции пред кооперација [извинете на вака]. Затоа во собрание има и лекари и учителки и обични и чудни луѓе.
Во [политика] треба да влезе и родител на дете со посебни потреби за да избутка закон. И млади спортисти. И поранешни спортисти. Студенти. Пензионери. Работници. Сите. За да направат разлика.
[партија] не е печат на чело. Ти треба да ставиш свој печат на организацијата која е најблиска до твоите сфаќања на светот и нештата.
Поважно. Не ти треба [партија]. Граѓанско здружение на луѓе со слични проблеми и потреби исто можат да истуркаат закони низ лавиринтите на законодавството. Тоа ако во собрание седат луѓе место платеници на власта кои ги кочат промените затоа што секоја промена нив ги носи подалеку од изворот на моќта.
[собрание] е само врвот на пирамидата на управување на државата. Секој оној кој прави нешто за себе и за сите, одговорно и отчетно, е дел од таа пирамида. Затоа, не брљавете...
Сега цела [држава] ја управуваат платеници. На сите нивоа. Од училиштето во маало, до директор на спортски клуб, до медицински центар, до градоначалник... Значи проблемот не е само во [собрание]. Ни требаат луѓе со личен влог и интегритет. На сите нивоа. Еден двајца тројца не можат да го нарушат граѓанското во граѓанскиот сектор. Ако е така сме наебале.
Можеби барање јавност и вистинска отчетност во примањата на пратеници би помогнало.
Мене не ми пречи луѓе што знаат дека сум тука наспроти нив да се опробаат. Мојата борба не завршува со промената на оваа [власт]. Ако не сум пратила јасна порака дека ќе се борам против секоја наредна [власт] која нема да работи чесно, тогаш ... нема тогаш.
Мора да смениме однос кон [држава] и [политика] и [политичар] и [партија] и [власт]. Не може јавни фаци да ни креираат јавно мислење додека платеници на власта ќутат како пички под кошули. Не брљавете.
[и не се пронаоѓајте]
Тука
Ќе се самоповредите од чудење зошто сте се родиле тука.
Ќе го налутите оној што прави распоред на раѓање па ќе ве роди во Сирија, Африка, Кореја лошата, Русија околу Сибир, Америка таа јужната, Куба по Фидел Кастро, Турција под Ердоган, САД под Трамп... [6.000.000.000 плус минус милијарда]*
*сребрени лажички се за лековерни
Жичана таписерија
Закачалка ДеСигн
Хочкок од Св. Николе ♡
на Илинденска некој број од дамнина...
Во чаршија има толку деца просјаци што или ќе им ја подаваш дневницата на ситно или ќе ги ишкаш душа ќе те боли.
Да не боли глава... #твитерџика
It’s not the job of the artist to give the audience what the audience wants. If the audience knew what they needed, then they wouldn’t be the audience. They would be the artists. It is the job of artists to give the audience what they need. [смени artist со новинар и ја добиваш нашата факинг ситуација. отприлика]
Јајце на око #твитерџика #природа #сонце #ијасзнамхаштази
САМО ЉУБОВно
Луѓето постојано мигрираат и емигрираат.
Некои бегаат од тука затоа што ич не чини, одат некаде оти чуле дека многу чини.
Одат заради децата, а децата и таму ќе бидат исти ко ваму. Специјални на мама и тато. Сосема обични за сите други.
Животот да ми ти бил тежок и таму оти немаш со кого да го споделиш тоа ваууу што го имаш повеќе од ваму.
Работава е едноставна. Ако тераш живот како фикус, незаинтетесиран за политички и други дешавки и таму и ваму и онаму ќе бидеш на истата скала на животот. На третата оддолу. Угоре високо, удолу длабоко.
Само успешни, живи, среќни и љубовни луѓе имаат среќно и љубено семејство. Тоа може и во најмалото село во маало или нема да може и во најголемиот град на светот.
Луѓето постојано мигрираат и емигрираат. Не драмете.
Значи не е лабаво пред кооперација.
Овие индиферентниве ми се смешни од причина што чувствуваат обврска да се пронајдат во секој статус, а се повлекуваат на прв факт. #Тик
Така малку е смешно кога неутралниве неутрализираат со куп риплаи нечиј став со ја не се замарам сите се исти и така стопати. #Так
Исто ми е пресмешно кога аполитичен ќе се вклучи во дискусија за да објасни дека не го занима политика. И така во дваесет риплаи. #Тик
Исто е смешно да повторува дека нема да гласа ама ќе нагласи дека би гласал за програма која ете ја немаат. #Так
Затоа постој мом[ч]е почекај и престани да типкаш риплаи до бесвест. Шупрајме со плитките емоции и инсталираните антипатии. #Тик
Нема избори. Ова е обзнанување на сериозни кршења на Уставот и законите што бара истрага и утврдување одговорност. #Так
Кога ќе дојде време за избори ќе читаме програми. Исто многу е важно меѓу избори да проверуваме до кај се со ветеното од програмата. #Тик
Значи не е лабаво пред кооперација. Шознам ама мислам Вистината е нашиот единствен избор во моментов. #Тик
И јас сум пресмешна. Не знам дали ќе се смени нешто. Но знам дека сега многу неЧини. #ТикТакТикТак
Licence to Delete тXe Ministry of Propaganda
[21 февруари 2015]
СЛОБОДАрско време во невреме
Ќе дојде така некое убаво време, ненадејно...
Ќе треба да се погледнеме очи во очи, крв со крв...
Ќе треба да се погледнеме очи во очи, стари пријатели...
Со #протестирам бев скоро секој ден. Мојот придонес не беше голем. Но. не можев да седам дома. И тогаш и денес не можам да се начудам на сите мои пријателки кои се мајки. тетки, сестри, ЖЕНИ... Но, дури денес сфатив што е тоа што ме тера да не застанам. Ме скршија зборовите убиено дете помеѓу две кикотења.
Прашање на време беше кога ЈАС ТИ ТОЈ ќе бидеме одговор дури и на непоставено прашање, за секој случај… само за да се зачува МАТРИЦАТА… а, внатре во матрицата сите се закачени на несреќата, како модел на преживување… Матрицата е свет што го чувствуваат како апсолутна реалност и не дозволуваат да помислат дека може да постои некоја друга реалност. Затоа што надвор од неа е цел свет во кој тие се НИШТО… И тоа е нешто што ги тера да дејствуваат во обем и сила кои не одговараат на силината на дразбите.
За да ја зачуваат таа реалност, потребна беше дозвола… Ја обезбедија… Carte blanche. Licence to Kill…
Не ми е криво што ме лажат… Отидоа и уште понатаму… открија јавно сценарио на очај и ја фокусираа одговорноста во ликот и делото на опозицијата… Не ми е криво што ме лажат… Секогаш кога треба да дадат одговор на прашање кое не го разбрале, виновна сум и ЈАС… Не ми е криво што ме лажат… Секогаш кога треба да дадат одговор на реалност која е далеку од нивната, виновна сум и ЈАС… криво ми е што не им е гајле дали јас им верувам…
Растечката моќ на контрола на мислата преку пропаганда и во демократските земји бара АКЦИЈА. Ако тоа значи да се повикаат партиии, арно... Ако тоа значи да се повикаат НВО-ии, арно... Ако тоа значи да се биде дисидент, арно... Ако тоа бара АКЦИЈА, арно... Ама секако бара НАРОД... МНОГУ народ... Многу народ контролира и партии и НВО и диктатура...
Нè има многу. Чинам не разбравме со што сме се соочиле. Малиот човек често не може да препознае толкаво ЗЛО дури и кога гледа во него. Тука сме. И повеќе...
#хонорарци #Кежаровски #аман #протестЗаМир #студентскиПленум #студентизирајСЕ #АМАН #СтудентскиПленум #АвтономнаЗона #ПоздравПленумци #ружнаВиЕВладата
Licence to Kill 4 Ministry of Propaganda
[11 ноември 2011 во 22:57]
Не ми е криво што ме лажат... тамам ќе помислиш дека во својот вообичаен, игнорантски стил, ќе одмолчат една културна покана за првата јавна трибина од Движењето против полициската бруталност, на тема Преку граѓански активизм и реформа на МВР до подобро општество... криво ми е што мислат дека им верувам...
Во првиот дел од одговорот, министерката, преку портпаролот, НАМЕРНО ја дефокусира јавноста, со барањето за јавно извинување и благодарност до сите „тигри“ или „алфи“ кои се жртвуваа... или во превод си ја вршат работата за која се обучени и за која примаат плата... Со тоа ги навреди сите оние кои чесно ја вршат својата работа и ја штитат нашата безбедност, а со тоа и државата. Но, Јанкуловска и МВР отидоа ЧЕКОР ПОНАТАМУ... без да трепнат, како награда за жртвите и учеството во безброј акции, им дадоа дозвола за убивање... Licence to Kill...
Не ми е криво што ме лажат... Отидоа и уште понатаму... открија јавно сценарио на очај и ја фокусираа одговорноста во ликот и делото на БЦ... Секогаш кога треба да дадат одговор на прашање кое не го разбрале, виновен е ТОЈ... Секогаш кога треба да дадат одговор на реалност која е далеку од нивната, виновен е ТОЈ... криво ми е што мислат дека им верувам... Прашање на време е кога тој ќе биде одговор дури и на непоставено прашање, за секој случај... само за да се зачува МАТРИЦАТА... а, внатре во матрицата сите се закачени на несреќата, како модел на преживување... Матрицата е свет што го чувствуваат како апсолутна реалност и не дозволуваат да помислат дека може да постои некоја друга реалност. Затоа што надвор од неа е цел свет во кој тие се НИШТО... И тоа е нешто што ги тера да дејствуваат во обем и сила кои не одговараат на силината на дразбите. За да ја зачуваат таа реалност, потребна е таа дозвола... Ја добија... Carte blanche. Licence to Kill...
Најнакрај, но не и помалку важно... Министерката и министерството ќе останеле отворени кон јавноста, еден ден во годината... на својата театарска сцена, според сопствено сценарио... Не се спремни да дебатираат, не им требаат аргументи... Не сакаат да разговараат, немаат за што... Нема дијалог, нема со кого... Единствен метод на комуникација е дискредитација на личности...
Удобно е кога сите исто мислат, значи никој ништо не мисли, па матрицата е удобно место за преживување... Кога некој различно мисли, тогаш лошо мисли и претставува опасност за апсолутната реалност... Ти не си еден од нас. Значи ти си еден од нив.
Кој е печатот и каков е отпечатокот што ќе го оставиме зад нас... Жигосување кое жежи... И ќе остави белег... Кој не се брише со гумичка...
Не ми е криво што ме лажат... затоа што јас не им верувам...