Drug pat ne se nafakam na vakva rabota. Porano se cudev sto ima podosadno od gledanje maraton, sega znam - gledanje Ultramaraton!
Aj za zainteresiranoto gragjanstvo da go pustam tuka mojot izvestaj od Ultrata na Ada, da si znaat site sto sum gi ozboruval vo AFM.
Od mojot izvestaj sigurno nema da go dobiete odgovorot na prasanjeto: Koj toa odlucil i dozvolil da se organizira DP na 24 casa vo druga drzava, no od sigurni izvori znam deka DP gi kostase AFM celi 270 evra, za koi pari liceto TagTiming ne bi se nafatilo da gi meri vreminjata ni za Ultra na 6 casa.
од одржаното Државно првенство во трчање 24 часа, кое се одржа во склоп на манифестацијата „Маратон Маратона“ на Ада Циганлија - Београд, организирана од АРК Еко Маратон од Београд.
На манифестацијата имаше учесници од 17 држави (во сите дисциплини 6, 12, 24 часа и 100 км).
На трката на 24 часа, во женска конкуренција имаше 6 натпреварувачки, а во машка 27 натпреварувачи. На почеток на манифестацијата се интонираше македонската химна.
На ДП на Македонија на 24 часа, сите пријавени натпреварувачи ги исполнија условите за настап и стартуваа на трката во сабота на 9 Март во 8:15 часот.
Ги постигнаа следните резултати:
Жени:
Катерина Шиповиќ 180 км. 1 место во ДП, 2 место во генерален пласман на манифестацијата - Државен рекорд
Ирена Митева 146 км. 2 место ДП, 3 место во генерален пласман
Емина Димитрова 86 км. 3 место ДП, 5 место во генерален пласман
Мажи:
Трајче Михов 198 км. 1 место на ДП, 4 место во генерален пласман
Јовица Стојановски 177.7 км. 2 место ДП, 7 место во генерален пласман
Зоран Димов 169.8 км. 3 место ДП, 9 место во генерален пласман
Виктор Толески 148 км.
Костадин Мартинов 142 км.
На крајот на манифестацијата ги проверивме резултатите, никој од учесниците на ДП на 24 часа немаше приговор и во 9:30 часот во склоп на прогласувањето на победниците на манифестацијата направивме прогласување на победниците на нашето ДП.
Прогласувањето го извршив јас како делегат на АФМ, а медалите и дипломите ги доделија Јовица Стојановски во женска конкуренција и Костадин Мартинов во машка конкуренција.
За истакнување е и резултатот на Сања Најдовски која учествуваше на трката на 6 часа и истрча 63.5 км. што е најдобар резултат на 6 часа од македонка (Државен рекорд).
Самата манифестација имаше многу пропусти и мислам дека ние би можеле подобро да организираме државни првенства на 6, 12 и 24 часа... и 100 км.
Во врска со СП на 24 часа
- во женска конкуренција: мислам дека Катерина Шиповиќ (со остварена Ц норма 180 км.) и Ирена Митева можат да напредуваат до одржување на истото, ако на време им се потврди учеството (за да имаат доволно време за припреми... и да си најдат спонзори за покривање на патните трошоци).
- во машка конкуренција: само Трајче Михов има норма (Б - 230 км.). Мислам дека дo Ц норма (200 км.) можат да стигнат Зоки Димов и Јовица Стојановски, но истото важи и за нив како и за девојките (навремена потврда за учество на СП).
Во прилог на извештајов:
- Целна листа на трката на 24 часа - ДП на Македонија
- Податоци за исплаќање на патните трошоци на учесниците на ДП на 24 часа