Ф'стаци - мало пакување со огромна вредност
Што се однесува на хранливата вредност на ф'стаците, може да се каже дека добрите работи доаѓаат во мало пакување.
Околу 50 ф'стаци содржат изобилство од витамини, минерали и други нутриенти (материи) кои му се потребни на телото да функционира и да остане здраво. И сето тоа е еднакво на само 160 калории.
50 ф'стаци обезбедуваат:
повеќе растителни влакна (3 грама) од 1/2 шолја готвена брокула
6 грама протеини - исто колку и соините зрна
добри масти - 7 грама на мононезаситени и 4 грама на полинезаситени масти, што придонесува кон здравјето на срцето
помалку од 2 грама заситени масти
фитостероли, чиј недостаток доведува до зголемен ризик од срцеви заболувања
калиум во количина на половина поголема банана
витамин Б6
бакар
тиамин (витамин Б1)
фосфор
магнезиум
нема холестерол
нема транс масни киселини
Ф'стаците исто така имаат и поголема антиоксидантна моќ од 100 грама боровинки, лукот и сокот од цитрон.
Лутеинот, кој исто така е антиоксидант кој се наоѓа во зелените и жолтите зеленчуци, исто така се наоѓа во ф'стаците. Претставува антиоксидант кој е многу истражуван од научниците и е прокламиран дека го поддржува здравјето, а ф'стаците го имаат повеќе од било кое јаткасто овошје.
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување












