Како да се грижите за смартфонот?
Мразам заштитни фолии, футроли, силиконски или гумени заштитници (тнр. протектори) и слична телефонска галантерија исто онолку колку што мразам даљинско далечинско во најлонче (Далечинско во најлонче спред мене е најнелогичната, најапсурдната замисла на светов).
Не можам да објаснам точно зошто мразам ама замислете си секојдневно ние како луѓе да шетаме наоколу во титаниумски витешки оклоп за да се заштитиме, па ќе имате малку идеа како се чувствува телефонот во “протектор“.
Сепак на некои луѓе очајно им се потребни вакви додатоци, што поради работата што поради немарност и несмасност.
-купете му на тачот една фолија за да не се гребе екранот додека врзувате арматура за столбови
-и една футрола или заштитник во зависност од тоа што повеќе ви одговара
Ако пак не сакате или мислите дека не ви треба, тогаш еве некој логичен совет како да се грижите за смартфонот:
-не оставајте го директно изложен на сонце посебно екранот или летово не заборавајте го во кола.
-не носете го во џеб заедно со клучеви, метални пари, спајалици и слична железарија, нити пак со било што друго, имајте еден празен џеб само за телефонот
-во џеб (или во футрола на ремен) телефонот чувајте го со екранот накај внатрешната страна, кон вас (евентуално да не го притиснете екранот на некој ќош, раб или нешто друго оштро |OCD|)
-не оставајте го на маса во кафуле или на плажа на отворено, може да се истури нешто врз него или да ви го украдат соодветно на локација.
Како што може да забележите советиве се за мажи, што сè се случува во женска чанта не можам да претпоставам за да дадам совет. Не чувајте го телефонот во иста преграда со парфемот :).