Кубети
Состојки:
40 гр квасец
1 кг брашно
1 лажица сол (може и повеќе)
1 помала чаша масло
1 пакување ким
100 гр сусам
околу 250 мл млеко (по потреба)
Подготовка:
Брашното го ставаме во сад. Во него правиме вдлабнатина во која ги ставаме квасецот со малку шеќер (мало лажиче) и дел од млекото кое треба да е затоплено, а потоа оставаме да надојди.
Потоа се додаваат и другите состојки, а остатокот од млакото млеко се додава на крајот.
Се меси средно тврдо тесто кое се развлекува врз намастена работна површина во вид на правоаголник или коцка со дебелина од 1 сантиметар.
Со нож хоризонтално и вертикално се сечи на растојание од исто така 1 см (погледнете на фотографијата), а одозгора со четкичка ги премачкуваме со масло и ги редиме на подмачкан плех.
Се печат на 180 степени и на секои 5 минути се отвора рерната и се протресуваат. Готови се кога од сите страни ќе добијат убава боја.
Пријатно грицкање!
Автор: Клара Бос
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување










