🦋🦋🦋ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ПРЕД ПРВИОТ AERIAL ЧАС?🦋🦋🦋 Тешко е да не те заинтригира Антигравитационата јога. Како е да практикуваш јога во воздухот? Можам ли воопшто да го направам ова? Од каде да започнам? Во продолжение прочитајте неколку “совети и трикови“ кои би требало да ги имате на ум пред вашиот прв час. 🕉ДАЈТЕ СИ ВРЕМЕ Не очекувајте дека ќе станете експерт на првиот час: инструкторот ќе направи секоја положба да изгледа прелесно, но Аerial јoгата бара одредена сила и посветеност. На просечен практикант му требаат околу 5 часа за да се почувствува сигурно во платното. Затоа запомнете да си дадете време. Со редовна пракса ќе стекнете извонредни вештини. 🕉НОРМАЛНО Е ДА СЕ ПЛАШИТЕ Некои практиканти чувствуваат одреден страв, бидејќи сепак треба да се потпреме на платното да го држи целото наше тело додека лебдиме или висиме обратно. Овој страв е сосема нормален, а нормално е и истиот да исчезне после првите часови. Едноставно добро слушајте ги инструкциите и сè ќе биде во ред. 🕉ДА, ПЛАТНОТО ЌЕ ВЕ ИЗДРЖИ Опремата е потполно безбедна. Секое платно може да издржи тежина од 1.256 килограми при активна употреба (скокање, нишањое, превртување). Карабинерите и јажињата се исти како оние што ги користат алпинистите при искачување. Платното е направено на начин кој дозвплува тоа да се истегнува хоризонтално, но не и вертикално. 🕉ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ Како и на редовен час по јога, и овде ќе искусите разни истегнувања и релаксирачка шавасан на крајот на часот. Сепак, Антигравитационата јога е многу забавна. Платното ни дозволува да на многу лесен начин искусиме подлабоки истегнувања, инверзии и потешки јога положби. Бидете отворени и љубопитни за она што платното може да ви го понуди. 🕉ИМАЈТЕ ГИ ВО ПРЕДВИД КОНТРАИНДИКАЦИИТЕ Доколку имате висок крвен притисок, вртоглавици, неодамнешна операција, епилепсија, очен притисок, историја на срцеви болести или сте во блажена состојба не треба да практикувате Антигравитациона јога. 🕉ШТО ТРЕБА ДА ОБЛЕЧАМ Долгите хеланки ни ги штитат нозете од притисокот кој ќе го направи платното врз нив, при врзувањата во некои од положбите. Тесната маичка пак ќе ни ја зачува приватноста во обратните положби. #aerialyoga #jogastudioom (at Joga Studio Om / Јога Студио Ом) https://www.instagram.com/p/B0oH8vVHuTk/?igshid=ete4h34uloko















