Малиџано од црвени пиперки
Рецептот варира зависно од навиките во различните краеви на нашата земја, а еве како го направивме ние: .
Состојки:
1 вреќа црвени пиперки (околу 25-30 кг пиперки)
10 средно големи црни домати
1.5 - 2 литри масло
100 грама шеќер
околу 50 мл винска киселина
сол по вкус
5 лажици сенф.
Подготовка:
Пиперките се мијат, па да им се отстрануваат дршките и семките.
Потоа, пиперки се печат и се собираат во поголем сад затворен со капак за што подобро и полесно лупење.
Излупените пиперки, исчистени од заостанатите семки и црни лушпи, се процедуваат неколку часа или најдобро е да се остават преку ноќ.
Исцедените пиперки се мелат ситно со рачна машина и се ставаат на оган да се пржат.
Откако течноста од пиперките ќе испари и се запжрат се додаваат претходното припремените црни домати. Тие се припремаат така што се лупат, се печат во рерна и се мелат.
Повторно кратко се пропржува, а потоа се додаваат маслото, киселината, шеќерот и солта. Добро се меша.
Пржењето се одвива околу 2 часа со повремено мешање за да не запече дното, а можете да препознаете дека е готово кога малиџаното е доволно густо и се „лепи“ на дрвената лажица со која мешате или пак останува трага по дното на тенџерето при мешањето.
10-тина минути пред крајот на пржењето се додава сенфот.
Готовото малиџано додека е жешко се собира во тегли, затоплени на 50 степени, добро се затвора и така затворени се оставаат да стојат на истата температура уште 15-20 минути.
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување















