Солени топчиња со кикири (Мињони со кикири)
Потребни состојки (за 80 топчиња):
450 гр брашно
1 лажичка сол
250 гр маргарин
1 јајце
малку млеко
кикирики
околу 100 гр сусам.
Подготовка:
Измешајте ги брашното, солта, жолчката и омекнатиот и на парченца исечен маргарин со малку млеко колку да може да се замеси мекои мазно тесто.
Обликувајте малечки топчиња и во средината на секое топче ставете по една излупена кикира.
Секое топче валкајте го во нежно во изматената белка, а потоа ставете ги во сусам, така што ќе се налепат по цела површина.
Наредете ги во плех покриен со хартија за печење.
Ставете ги во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30 минути.
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување










