Како да направите орхидеа од салфетка?
Разните свечености се убави токму поради ваквите декорации. Направете некој ваш настан да биде поубав и побогато декориран, а што е важно на едноставен начин кој може да се изведе дома.
Потребна ви е памучна или цврста салфетка која добро ќе се витка и ќе ја задржува својата форма. Добро е да биде правоаголна. Превиткајте ја по должина, така што отворениот раб ќе биде свртен на кај вас. Потоа, започнувајќи од горните агли, кон средината направете триаголна форма, а за најлесно да разберете погледнете го видео приказот. Триаголната форма, потоа со превиткување претворете ја во четириаголна, па завртете ги краевите и превиткајте ја салфетката на половина. Прицврстете ја со прстен и декорацијата е спремна.
Оваа техника е одлична, но препорачуваме повеќе пати да ја извежбате доколку сакате да ја примените на важен настан. Уживајте во видеото и споделете со пријателите.
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување