Си било едно девојче и еден убав сончев ден, три саати заглавило во гаража за половни Мини Мориси недалеку од Монпарнас. Дел за колата на татко ѝ имало само таму, каснел, и морале да почекаат. И бидејќи ова било средина на ‘90-ти и интернет во џеб немало, а морифчињата, колку и да биле џиџани, кабрио-правени и со фабричка боја и никловани лајсни (и ретровизори и кваки и све, многу била добра таа гаража), не можеш три саати да ги зјапаш - ѝ текнало дека во ранче има книга со бајки купена за нејзиниот прв Осми март, од страна на истиот татко заради кој се наоѓале во таа ситуација. Иако прочитани 70 пати, ги препрочитала пак, особено една - три пати едно по друго, само заради содржината на која и Ромеро можел да ѝ позавиди. И како и секоја бајка каде што има магија, има и овде - ако му го погодиш вкусот за читање на мало дете, има да седи мирно и да истражува и да си создава приказни во глава до утре сабајле - совршениот, здрав Мини Морис е гратис. #ЧитањетоЕСупермоќ затоа што супермоќите се користат за добро, а нема шанси да не излезе добро од читање. Дали се сликовници, романи, стрипови, раскази, бајки - што и да е - ако создаваме навики за читање од мали, особено ако нѐ забележат што точно сакаме, па ни ја скројат библиотеката според вкус (додека да пораснеме и да почнеме да истражуваме и да ја кроиме сами), нема граница на тоа што можеме во животот да го дознаеме и да го научиме. Затоа со уживање гледам како другарка ми @annaksunamoon вложува во библиотеката на ќерка ѝ, а почна да ѝ чита уште од кога беше бебе од три дена. Од #АрсЛамина добив три книги, од кои сите три се како измислени за мене - „Историја на уметност со 21 мачка“, „Мала книга за Мерилин“ и „Кити и спасувањето на месечевата светлина“. Вени исеков по првите две, а третата е детска и фантастична: Девојче дење - мачка ноќе, што е една тема со која веројатно ќе бев опседната на 7 години (иако и сега не сум многу далеку). И во духот на оваа фантастична иницијатива, Кити ќе оди во библиотеката на Натали ❤️ Најголем успех во животот ќе ви биде да создадете цел еден човек, составен од многу слоеви и димензии, а освен љубов, тие димензии се отвараат со - книга. Љубов сте, @literatura.mk, и фала ❤️ https://www.instagram.com/p/CDMH1CYnf7J/?igshid=p82m4jtc7ua6