Даниел Дрејк или попознат како “Денкејк” и “ Doctor Dan The Pancake Man” е уметник и вистински професионалец во правење на палачинки. Неговите прекари не направени од шега туку затоа што палачинките кои што тој ги прави нема да ги видите на ниедно друго место со користење на општо познатата смеса за палачинки но во боја. Погледнете за што се работи.
Иако местото за живеење варира, конструкцијата на секој дом користи ист висок стандард за да обезбеди издржливост и да може да ги издржи природните елементи - особено се мисли на снег. Skydome издржува притисок до 700 килограми снег на метар квадратен. Формата на овој дом, исто така презентира некои неочекувани и уникатни предности за градење и декорирање. Благодарение на заоблените ѕидови, таа е енергетски ефикасна и има ниска стапка на загуба на топлината. Бидејќи не постојат ѕидови кои ќе го носат товарот, се отвараат многу можности за внатрешен дизајн - некои можеби ќе одберат затворен стил, додека пак други би сакале комплетно отворен дом, совршен за забава.
Некои од највпечатливите парчиња од оваа колекција се оние кои се од машките модни трендови од 20-тите на кои има ставено женски пресврт. Еден таков ансамбл се состои од сиво здолниште и темно портокалов џемпер со црна јавачка капа. Оваа облека е многу повеќе машка од другите во оваа колекција но, служи за да се истражува како половите модни трендови се сплотуваат. Оваа прекрасна колекција укажува на порастот на популарноста на старските стилови.
1. Атлантскиот автопат Storseisundbrua во Норвешка
Со право е наречен "Патот до никаде." Се наоѓа на западниот брег на Норвешка, и тој е еден од најдолгите од осумте мостови кои го сочинуваат Атлантскиот автопат. Неговата уникатна комплексна архитектура прави оптичка илузија, така што гледано од аголот на пристапност, возачот ќе помисли дека ќе скокне и ќе полета кон морето. И ако тоа не е доволно страшно, мостот е често погодуван од страна на Европските бури.
2. Стаклен мост, Tianmenshan Национален парк во Кина
Високите пешачки патеки се изградени за да бидат страшни, а оваа патека сигурно ќе предизвика нечија вртоглавица. Оваа стаклена пешачка патека наречена "Одот на Верата" виси на работ на карпа на планината Tianmen. 60 метри долга, 1,6 метри широка и се наоѓа на 1430 метри надморска височина. И покрај тоа што е застрашувачка, оваа патека привлекува илјадници туристи ,а тоа се должи на неверојатниот поглед што го нуди кон целата земја.
3. Кралскиот мост Џорџ, во близина на Кањон Сити, Колорадо.
За разлика од двата погоре, Кралскиот мост Џорџ е висечки мост. Тој е највисокиот мост во Соединетите Американски Држави и виси 956 метри над реката Арканзас. Исто така е еден од најстарите мостови, изграден за само шест месеци во 1929 година. Овој прекрасен подвиг на инженерството е главна туристичка атракција за луѓето кој се во посета на забавниот парк во Колорадо. Поминувањето на возилата прави мостот да се тресе и осцилира, давајќи дополнителна возбуда на искуството.
4. Мостот Langkawi Sky во Малезија
Ако сакате да ја почувствувате илузијата на лебдење, тогаш овој мост треба да биде вашата дестинација. Тој е долг 210 метри, а виси на 660 метри надморска височина. Архитектурата на мостот се состои од 8 кабли, кои се зацврстени на подпорната кула, а исто така има и 3 кривини кои се протегаат на по 25 метри секоја.
5. Capilano висечки мост во Канада
Ова мора да е мостот што го обезбедува нај панорамскиот поглед. Се наоѓа над реката Capilano во Ванкувер, Канада, мостот е центар на атракција во Capilano. Тој се наоѓа на 70 метри надморска височина и е долг 140 метри. Може да се ужива во бујното зеленило на дождовните шуми на Западниот брег и во мирното протегање на реката Capilano во потполност при одењето по мостот.
6. Мостот Trift во Швајцарија
Тоа е мостот кој ви нуди најдобар поглед кон швајцарските Алпи. Овој мост виси на 100 метри надморска височина и е долг 170 метри. Воодушевувачкиот поглед кон езерото Triftsee е она што ги привлекува илјадниците туристи од целиот свет во ова спокојно место. Иако самиот мост е многу стабилен, неговите минимални жици и широко поставени дрвени штици го направиле да изгледа доста ризично, што го доведува вашиот адреналин до максимум.
7. Мостот на реката Sidu во Кина
Кина води во трката за најдобро изградени мостови ,а овој сведочи за инженерскиот калибар на кинеските градители. Оваа структура од 1222 метри минува низ долината на реката Sidu, и се наоѓа на околу 550 метри надморска височина. Длабоките клисури и околната го прават возењето на мостот една фасцинантна авантура. Мостот се држи од двете H кули, а во моментов е најголем во светот.
8. Titlis висечкиот мост во Швајцарија
Швајцарија е позната по својата сценска убавината на швајцарските Алпи; и не постои подобар начин да ја поврзете нивната природна убавина со возбудата да пешачите по небото. Мостот е неодамнешна изградба, и беше првпат отворен за јавноста во 2009 година. Се наоѓа на 500 метри над земјата, се протега на должина од 320 метри и е само 3 метри широк. Подгответе се да ги збуните вашите сетила, со гледање во стаклото под вашите нозе. Со својата репутација како "најстрашниот мост во светот" одтргнал голем број на туристи од тоа да го посетат, но ако сте авантуристички тип, ова треба да биде правото место за вас.
9. Вијадуктот Милау, во близина на Милау, Франција
Ова е еден од најдобрите градежни потфати. Мостот Милау е највисокиот мост во светот, на кој еден од јарболите има и до 343 метри висина. Овој прекрасен мост се протега низ долината на реката Tarn и има прекрасен поглед кон планините и живописните села. Дизајниран е од страна на британскиот архитект Lord Norman Foster, а поранешниот француски претседател Жак Ширак го нарече "чудо на рамнотежата".
10. МостотEshima Ohashi во Јапонија
Сите, освен навистина искусните возачи треба да го избегнат овој пат. Ако сте се возеле на лудата железница во луна парк, сегурно знаете какво е искуството во една таква. Овој футуристички дизајниран мост ги поврзува градовите Matsue и Sakaiminato, протегајќи се повеќе од една милја од езерото Nakaumi. Има наклон од 6,1 од една страна и 5.1 од друга страна, и е дизајниран така што рибарските флоти може да поминат под неговиот врв. Иако е изграден за да им биде кошмар на возачите, навигацијата е лесна кога веќе сте се качиле на мостот.
11. Алпите Рона, Aiguille du Midi, Франција
Не постои подобар начин да се доживее убавината на француските Алпи од шетањето на мостот во средината на планината, на 3482 метри надморска височина. Од друга страна, овој краток пешачки мост само може да ви даде сериозен напад на вртоглавица ако се осмелувате да погледнете надолу. Поврзувајќи две карпи на масивот Мон Блан, тој завршува со тунел што води до уште една стаклена пешачка патека.
12. Мостот Ojuela во Мексико
Поврзувајќи две мали и исцрпени рударски населби на Мексико, мостот Ojuela се протега до 300 метри и виси на над околу 318 метри надморска височина. Тој е само пешачки мост, кој првично беше овластен во 1898 година со цел да се пренесе злато и сребро од спротивниот рудник во градот Ojuela, од каде што понатака биле испратени до Mapimi за обработка. Денес рудниците се исцрпени ,а Ojuela е град на духови. Морничавата тишина на напуштената околина, но и убавината на пустината Chihuahuan се привлечни за туристите кои доаѓаат во ова место.
13. Мостот Kawarau во Нов Зеланд
Висечкиот мост во регионот Отаго на Јужните Острови во Нов Зеланд е дополнително атрактивен како број еден место во светот за банџи скокови. Тој беше првично изграден во 1880 година како главен пат до рудниците со злато во Централен Отаго. Денес, панорамскиот поглед кон реката Kawarau на висина од 141 метри надморска височина е главна атракција за туристите, како и за банџи скокање поради неговата сценска убавина.
14. Висечкиот мост на Ghasa, Непал
Висечкиот мост во близина на селото Ghasa во Непал редовно се наоѓа на врвот на листата на најстрашните мостови на светот. Тој бил изграден главно за погодност на локалното население, со цел да можат да го пренесат нивниот добиток на другата страна. Иако изгледа ризично овој мост е доста стабилен, но реката Hugdi Khola под него може да ги исплаши и најхрабрите истражувачи.
15. Мајмунски мостови, Виетнам
Ако сте во потрага по најчудните мостови на светот, мора да го погледнете ова. Мајмунските мостови во Виетнам се состојат од ништо повеќе од долги бамбусови гранки, со тенка ограда од страните што ве доведува да завземете позиција како на мајмун ако сакате да ја преминете реката што е под него. Овие мостови се користат од страна на локалното население во текот на стотици години, но може да подигнат сериозни напади на страв кај туристите.
Во својата книга Душевен санаториум поетот Дарко Ангеловски зборува за нештата што се неискажливи и непреведливи во зборови и што се скриени зад поимите. За тоа нешто што не е нешто, но не е ни ништо, и за хармонијата на непостоењето и на постоењето, за калемот на телото и душата, кои може да се разберат само емотивно, со чувствување. Во оваа книга нема да најдете рационалност бидејќи таа како таква не постои. Рационалност ќе најдете единствено во емоционалноста, односно во ирационалноста на емоционалното пресудување. Оваа книга ве води зад замислата на смислата на мислата, ве води кон едната и единствена вистина – Љубовта.
За авторот
Дарко Ангеловски - 10 октомври 1993 -
Самоук поет, сликар и уметник. Афинитети за уметноста пројавил уште од својата најрана возраст. Иако подеднакво се занимава со сите видови на уметничко изразување и творење, најголем интерес има за пишувањето, кое предствавува и негова најсилна страна. Тој е и еден од создавачите на Друштвото на мртвите поети-поетско читање и уменички перформанс.
Сфативме дека нештата кои ни давале задоволство повеќе не не исполнуваат. Радостите од минатото ни изгледаат лекомислени и детски. Почнуваме да правиме ментални споредби и секогаш нешто ни недостасува. Се прашуваме самите дали ние сме проблемот.
Овој период од нашиот живот го нарекуваме „врв". Помислете на него како да сте на работ на бран на настани. Нештата се случуваат! Промени следуваат. Чувството на копнеж или дека нешто недостига служи да не поттикне да одиме напред низ тој портал. Кога ова ќе се случи изгледа дека универзумот ни праќа порака. Брановите прекинале и доаѓа ново време. Време да продолжиме. Време е да го победиме стравот и притисокот од престојните промени.
Деликатни цветни аранжмани кои се всушност реални порцелански скулптури.
Тој изработува прекрасни илузии со сложени цветни скулптури. Неговите шарени букети од рози, зумбули и божури кои изгледаат неверојатно реални, се всушност направени од порцеланска глина. За производство на овие дела Kanevsky прво ги гради од бакар, а потоа користи техники на кастинг за формирање ливчиња и зеленило кои ги имитираат природните текстури. Потоа порцеланот е обоен рачно, и се организира во вазни каде што засекогаш ќе ја украсува собата.
Цвеќињата на Владимир стигнаа до Европа, а некои од нив завршија и во некои кралски колекции. На неговиот прецизен дизајн, исто така му се восхитуваат и Оскар де ла Рента и Алберт Пинто, а исто така соработувал и со Диор. Па така постепено Владимир пронашол рамнотежа помеѓу работата на правење цвеќиња за пари, и неговата страст, вајање. Сега вели тој, смета дека неговата работа со порцелан има форма на уметност. Неговите дела чиниат од $ 3.000 до $ 20,000, зависи од аранжманот.
Германски филозоф од Прусија, еден од највлијателните европски мислители и последниот голем филозоф на просветителството. Тој е еден од најзначајните претставници на западната филозофија. Неговата “Критика на чистиот” ум означува пресвртница во историјата на филозофијата и почеток на модерната филозофија. Не само во теоријата на познанието, но исто така и во етиката и естетиката со дела како “Критика на практичниот ум “и “Критика на моќта на судењето”, но и со одредени списи поврзани со религијата и правото, создава нова сеопфатна перспектива во филозофијата.
Имануел (во крштенскиот заводник: Емануел) е роден во Кенигсберг (денес Калининград) на календарскиот ден „Св. Емануел” како четврто дете на седларскиот занаетчија Јохан Георг Кант и неговата сопруга Ана Регина.
Неговиот познат труд “Општа историја и теорија на небото”, во која ја изнел својата бележита теорија за потеклото на Сончевиот систем. Имено, ниеден научник пред него не го поставил ова прашање, Њутн мислел дека небесните тела, а со тоа и Сончевиот систем, вечно постојат создадени од вечен творец (Бог). Кант од оваа област ја отфрлил теологијата, објаснувајќи го со природни закони настанувањето на Сончевиот систем.
Критичкиот период од дејноста на Кант нашол израз во три славни дела: „Критика на чистиот ум“, „Критика на практичниот ум“ и „Критика на моќта на судењето“. Во нив Кант ја разработил својата филозофија позната по овие книги како критицизам или трансцендентален идеализам, наречена така поради методот што го применил и резултатите што ги добил.
Одприлика 47.800 квадратни метри на соларни панели се спроведени за напојување на одморалиште со сите свои потреби за енергија, обвиени во облик на ѕвезда. Откако во Bagherian сватија дека може да се извлече вода од пронајден длабок бунар, тие ги искористија локалните материјали и го користеле овој извор на вода за одморалиштето. Во одморалиштето исто така ќе се вработат биолози за флора и фауна и друг најразличен персонал. Во центарот на одморалиштето се наоѓа градина, што делува како мирна оаза во загреаната клима. Наоколу се поставени серија на објекти и сместувања, вклучувајќи 84 интерконектирани апартмани кои се разликуваат во дизајнот, но сите овозможуваат поглед на градината.
Едноставен, Четири во рака, Принц Алберт, Келвин, Половичен Виндзор, Прат, Виндзор, Лептир машна.
Авантуристички јазли:
Елдерејџ, Тринити,Мурел, Ван Вијк, Балтхус
Визуелна споредба на јазли од вратоврски.
Гледајќи ги јазлите од вратоврските постав ени на страна е најбрзиот начин да сватите колку тие се разликуваат. Вратоврските на сликите се од истиот материјал, дебелина и ширина со цел да да ги видите различностите но и уникатните карактеристики по кој тие се разликуваат.
Најмал е едноставниот јазол, понекогаш познат и како ориентален, непостои да се врзе вратоврска со помал јазол. Монструозниот Balthus јазол е најголем од јазлите, но во теорија може да се направи уште поголем јазол ако имате доволно долга вратоврска. Виндзор е речиси совршен триаголник. Принцот Алберт има второ свиткување кое се гледа на дното, Тринити обезбедува заоблена силуета. додека Ван Вијк е цилиндричен и е најдолг од јазлите.
Фестивалот на светлината кој што се одржува во Ајндовен, Холандија е место на кое што можат да се видат едни од најдобрите видео проекции. Секоја година голем број на уметници ги изложуваат своите дела пред многубројната публика која ужива во навистина единствени перформанси кои се прикажуваат на ѕидовите на старата катедрала во центарот на градот. Ова видео е од Фестивалот во 2014 година и е едно од најдобрите во целата историја на овој фестивал. Погледнете ги одличните перформанси на ова бетонско платно.