Утре во 20ч00 Француската Алијанса и ЦК Битола организираат проекција на Францускиот Филм "Жапелу", во рамките на Францускиот Кино Клуб. Повелете на Кино!
Жапелу: на Кристијан Диге, со Гијом Кане, Даниел Отеј и Марина Хендс.
На почетокот на 80-тите години, Пјер Диран се откажува од успешна адвокатска кариера и се посветува на неговата пасија: трка со коњи. Поддржан од татка си, Пјер вложува во млад коњ, во кого речиси никој не верува: Жапелу. Од трка во трка, дуото напредува ...











