Интегрален леб
Состојки:
1кг интегрално брашно (од продавници за здрава храна)
1 коцка квасец
1 кесичка прашок за печиво
вода во потреба
1 до 2 мали лажици сол
1/2 мала лажичка шеќер.
Подготовка:
Во поголем сад за месење се мешаат заедно сите состојки и се формира тесто кое треба добро да се измеси.
Тестото се прави во форма на традиционален леб или по желба во некаков калап со одредена форма.
Се печи во веќе загреана фурна/рерна на 200 до 250 степени.
По околу 20 минути минути се вади од фурната, а за да знаете кога точно лебот е испечен можете да проверите на стариот народен начин со дрвено стапче-чепкалка и доколку не се налепи тесто на неа значи лебот е готов.
Интегралниот леб е спремен за јадење, пријатен апетит!
Автор: Дамјан Димитриоски
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување










