Комбуха чај - што е тоа и дали има здравствени придобивки?
Комбуха чајот е ферментиран пијалак направен од чај, шеќер, бактерии и квасци.
Комбуха чајот е направен со додавање на таква колонија кон шеќер и чај и со овозможување на измешаната содржина да ферментира. Крајниот производ е течен и содржи киселини, витамини Б и голем број други хемиски состојки.
Здравствените придобивки кои му се припишуваат на комбуха чајот вклучуваат стимулација на имуниот систем, превенираат канцер, ја подобруваат дигестијата на храната и функцијата на црниот дроб. Како и да е, сепак за ваквите тврдења поврзани со здравјето сеуште не се целосно потврдени со научни докази.
Постојат извесни информации кои зборуваат за несакани ефекти на комбуха чајот, како што се „вознемирен стомак“, инфекции или алергени реакции од преголема консумација. често овај чај е приготвуван дома во нестерилни услови, што го контаминира и доведува до вакви непосакувани ефекти. Ако за подготовката се користат керамички садови, постои опасност од труење со олово поради корозивното дејство на киселините врз површината на садот и уништување на керамичката глазура.
На кратко, купувајте стерилно приготвен напиток и консултирајте се со вашиот лекар доколку сакате да консумирате комбуха чај, се со цел да ги полечете позитивните ефекти и да ги избегнете можните негативни ефекти.
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување








