Магичните лековити својства на маслинките!
Маслинките и маслиновото масло се користат во исхраната веќе неколку илјади години. Ги користеле уште старите Грци и Римјани, а денес маслинките претставуваат и производи за борба против современите болести.
Медитеранските земји со векови го одгледувале и искористувале маслиновото дрво, а во 16-тиот век е веќе пренесена во Америка. Маслиновото дрво трае 300 до 600 години. Во светот постојат повеќе од 70 видови на маслиново дрво настанати како резултат на вкрстување и прилагодување на различните поднебја.
Маслинките и маслиновото масло имаат значајно антиоксидантно дејство, содржат хранливи материи и многу лековити состојки:
Незаситени масни киселини
Исто така установено е дека маслиновото масло ја содржи лековитата супстанца ибупрофен.
Најчесто маслинките се користат во вид на плодови или како маслиново масло за додаток во јадењата, но исто така и за правење на разни намази и сосови. Маслиновото масло може да се додава во сите салати, а се користи и за подготовка на некои слатки.
Уште старите народи го користеле маслиновото масло за заштита од опекотини, јако сонце или како антисептик за рани. Покрај тоа што се користи како храна и лек, маслиновото масло се користи и за ароматерапија.
Во поново време во Шпанија, некои состојки од маслиновото масло се додаваат во лебот со цел да делуваат против стареење. Најпознато, најквалитетно и најздраво е т.н. екстрадевичанско масло.
Лековито дејство и корисност
Како маслинките, така и маслиновото масло многу поволно делуваат на организмот и тоа нивниот придонес и значење е најголем при:
аритмија на срцето (пореметен ритам)
болести на забите и усната шуплина
болести на срцето и крвните садови
гастритис (воспаление на желудник)
габични инфекции на ноктите
дерматитис (воспаленија на кожа)
кожни болести на главата и проблеми со косата
надразнети црева и спазам
проблеми со варењето на храната
проблеми со простата кај мажите
оштетувања и воспаленија на ткивата
како средство против болка
за регулирање на крвниот притисок
за регулирање на прекумерна тежина
Маслиновото масло не содржи ниту глутен, ниту сол и го подобрува вкусот на храната. Така, според погоре изнесеното јасно може да се заклучи дека маслинките можат изобилно да се користат во исхраната.
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување