CHEESE ROLLS (PINERLII SO SIRENJE)

seen from Spain

seen from United States
seen from United States
seen from United States
seen from United States
seen from United States
seen from Italy

seen from United States
seen from United States

seen from Georgia

seen from United States

seen from United States

seen from United States
seen from United States
seen from United States
seen from United States

seen from South Africa
seen from China
seen from United States
seen from China
CHEESE ROLLS (PINERLII SO SIRENJE)
Како да направите домашно рикота сирење
Рикота е популарно италијанско свежо сирење. Може да се најде и на нашиот пазар, но неговата цена во однос на цените на другите видови сирења е прилично повисока. Затоа ви го презентираме овај рецепт со чија што помош повеќе нема да имате потреба да го купувате, туку ќе можете сами да направите домашно сирење и тоа на начин кој е повеќе од едноставен.
Сè што ви треба за да направите домашно рикота сирење е половина час од вашето време и само неколку состојки кои можете да ги набавите во најблиската продавница.
Состојки:
2л полномасно млеко
сок од два лимони или 1/3 чаша дестилиран бел оцет
лажичка сол.
Подготовка:
Млекото се загрева на околу 93 степени во тенџере на оган.
Кога на површината ќе почне да се прави пена и бавно да се ослободува пареа, тогаш се додава сокот од лимон или (оцет) и тенџерето се трга од огнот. Внимавајте на температурата, млекото не треба да зоврие.
Садот со млеко се остава да стои на собна температура околу 10 минути, при што веќе ќе може да се забележи формирање на грутки и издвојување на жолтеникава, воденикаста сурутка.
Со дрвена лажица промешајте го млекото и проверете го засирувањето. Ако забележите дека се уште има многу млеко кое не се засирило, додадете уште една лажица сок од лимон или (оцет) и почекајте уште неколку минути.
Потоа сирењето се бери и се процедува низ густа ткаенина, добро се подврзува и се остава да се цеди од 10 до 60 минути во зависност од тоа колку суво сирење сакате да добиете.
Вака подготвеното рикота сирење може да стои во фрижидер околу една недела.
Извор: lifepressmagazin
Автор: Марина Иваноска Ружиновска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
Како да направите сирење дома?
Состојки:
2 чаши полномасно млеко
4 лажици киселина или свежо исцеден сок од лимон
сол
Подготовка:
Млекото ставете го во сад на оган и мешајте го додека не зоврие. Кога млекото ќе зоврие исклучете го шпоретот, но оставете го тенџерето на ринглата.
Во млекото додадете ја киселнината, така што ќе добиете груш и сурутка. Сурутката е течноста, а грушот се формираните снегулки од млеко.
Измешајте го млекото добро и оставете го да стои 5 до 10 минути.
Смесата процедете ја во платнена цедилка.
Цедликата благо притиснете ја за да излезе течноста.
Додадете малку сол и повторно измешајте.
Повторно притиснете ја цедилката и оставете го сирењето во ладилник.
Добиеното сирење послужете го.
Извор: http://www.wikihow.com/Make-Cheese-at-Home
Автор: М-р Марија Кочовска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
Домашна пица
Состојки:
400 гр брашно
1/4 од коцка квасец
1 лажичка сол
млака вода која се додава по потреба
3 лажици маслиново масло за намрсување
доматна салса и оригано во количини според вашите желби.
250 гр моцарела
200 гр шунка сечена на тенки ленти
300 гр свежи шампињони.
Подготовка:
Од брашното и квасецот кон кои ја додавате и солта, со млака вода замесете средно меко, нелепливо тесто.
Поделете го на 2 дела и ставете ги во два одделни сада на чие дно ќе ставите маслиново масло.
Покријте ги садовите со најлонска фолија и оставете ги во фрижидер да отстојат 5 часа.
Секое топче тесто со рацете развлечете го во тркалезна форма (во изглед на pizza) и ставете го во плех за печење.
Секоја пица премачкајте ја со доматна салса, нанесете оригано, моцарела, шунка, свежи шампињони и доколку имате желба можете да нанесете и други состојки.
Печете на најдолниот поделок од рерната, на температура од 250 степени, за време од 15-20 минути, зависно од рерната.
Автор: Катерина Милошевска Глигороска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
Потпечени кори со сирење - тестенини на интересен начин
Потребно:
300 гр кори
200 гр сирење
4 јајца
350 мл јогурт
1 лажичка сол
Подготовка:
На оган ставете тенџере со вода, малку масло и 1 лажичка сол. Се остава додека не зоврие и потоа се додаваат корите да се варат при што со повремено се меша.
Сварените и исцедени кори истурете ги во поголема тава за печење. Издробете го сирењето, промешајте и порамнете.
Во подлабок сад изматете ги јајцата, дотурете го јогуртот и посолете по вкус.
Смесата истурете ја врз тавата со кори, убаво распоредете ја и ставете да се печи во загреана рерна на 200 степени за време од 20-30 минути.
Сервирајте ги топли (макар што и ладни немаат замерка) и исечени на парчиња со чаша ладен јогурт. На здравје!
Автор: Клара Бос
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
Проја со сирење и маслинки
Состојки:
1 чаша пченкарно брашно
100 гр сирење
1 чаша бело брашно
4 јајца
1 прашок за пециво
100 гр црни маслинки
100 мл масло за јадење
1 чаша јогурт
½ лажица сол
масло за јадење.
Подготовка:
Прво се сецкаат маслинките.
Во длабок сад се кршат јајцата и се матат со жица.
Потоа, се додаваат маслото и јогуртот и повторно мешаме со жицата.
Сирењето го дробиме со вилушка и исто така се додава во садот со останатите состојки.
Потоа се додаваат и двата вида на брашно, прашокот за печиво, солта и маслинките, по што мешаме со лажица додека смесата се соедини.
Ја припремаме тавата за печење така што ја мачкаме со малку масло, а потоа во неа се става смесата.
Ја попрскуваме со масло и оставаме да се печи околу 45 минути на температура 180 степени.
Автор: Вики Стојановска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
Мазник
Состојки:
700 грама брашно
1/8 квасец
50 мл масло
1 мала лажичка сол
200 мл газирана минерална вода
млака вода по потреба
фил по желба (спанаќ, сирење, мелено месо, кисела зелка)
Подготовка:
Квасецот го разматуваме со млака вода во длабок сад.
Брашното го сееме во длабокиот сад и го додаваме маслото, солта и минералната вода.
Тестото го месиме и додаваме вода по потреба, се додека не се добие меко тесто.
Од тестото формираме 4 кори (со дијаметар од 15 см) кои ги притиснуваме со рацете, а потоа нив ги мачкаме со масло. Ги оставаме корите да киснат 20 минути.
Над чаршав секоја од корите ја тегнеме, се додека не се добие тенка кора. Краевите од кората ги отстрануваме. Над кората попрскуваме со масло и нанесуваме од подготвениот фил. Со помош на чаршав, кората ја виткаме во вид на ролна.
Ролните ја виткаме во форма на круг и ги ставаме во тава за печење.
Мазникот го печеме на температура од 250 степени.
Автор: М-р Марија Кочовска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување