Здрав гарнир - моркови во рерна
Состојки:
12 средно големи моркови
3 лажици маслиново масло
2 лажици ситно исечкан копар
сол по потреба
црн пипер по потреба.
Подготовка:
Најпрво измијте ги и исчистете ги морковите, а потоа исечете ги косо на парчиња во должина од 1-2 см, соодветно на вашите желби.
Додајте го маслиновото масло, солта и црниот пипер по вкус и измешајте ги.
Ставете ги да се печат околу 20 минути, во претходно загреана рерна на 180 степени. Готови се кога ќе поруменат и омекнат.
На крај, наросете ги со ситно сечканиот копар и сервирајте.
На здравје!
Извор: domacica.com
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување











