Неверојатна диета со леб, не сте гладни и слабеете!
На сите ни е познато дека не е доволно само да се вежба и тренира доколку не се внимава на храната која ја внесуваме. Исто така знаеме дека оптимално и најдобро би било кога постојано би се хранеле здраво и би спречиле таложење на непосакуваните килограми.
Како и да е, во животот ништо не може да биде бескрајно дисциплинирано независно од тоа колку е голема нашата желба и мотивација. Токму поради тоа, сите ние повремено се решаваме на намалена или т.н диетална исхрана.
Иако на прв поглед ќе имате чудна слика за оваа диета, верувајте дека ова е вистинската диета ако сакате да слабеете, а сепак да внесувате леб.
Менито е исто во сите дена (се препорачува да се држи најмногу 15 дена):
Појадок: 1 конзерва туна + 1 двопек (или парче црн/интегрален леб) + салата
Ручек: Варено немасно месо + салата
Вечера: 1 двопек (или парче црн/интегрален леб) + салата
За да се поштедите од досадување на вкусот, туната можете да ја замените со сардина.
Освен наведената храна, во текот на сите дена дозволено е да јадете овошје и тоа по неколку овошки на ден, со тоа што изборот да се темели на нискокалорични овошја како јаболко, портокал, кива и слично, а да се избегнува/не се консумира банана.
ДОЗВОЛЕНИ ПИЈАЛАЦИ: кафе без шеќер, чај без шеќер, обична и кисела вода.
ПРЕПОРАЧЛИВО: Можете да консумирате по 2 свежо цедени лимони на ден, без да додавате шеќер или вода. Тоа го потпомага процесот на топење на мастите во организмот.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Доколку се одлучите да ја држите диетава најдобро е да се советувате со лекар.
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување