Праски - сочна вкусна сензација одлична за здравјето
Освен што се исклучително сочни и вкусни, праските се овошје кое е навистина здраво. Здравствените придобивки од праските се многу бројни:
Ниско калорични се и погодни за честа консумација
Одличен извор на витамин Ц
Многу се богати со калиум и железо
Помагаат за отстранување и олеснување на уринарни пореметувања
Содржат лутеин, зеаксантин и бета-криптоксантин кои се одлични поддржувачи посебно на здравјето на очите и организмот во целост
Ја подобруваат работата на одбранбениот (имуниот) систем на организмот
Праските се многу богати со растителни влакна
Помагаат во одржување на здравјето на нервниот систем
Го намалуваат нивото на холестерол
Обезбедуваат 1,5 грама протеини од 100 грама
Многу се ефективни против интестинални (цревни) паразити
Ги потпомагаат и регулираат движењата на дебелото црево
Праските се силни антиоксиданси
Редовна консумација на праски помага во превениција на катаракта или повеќе познато во народот - перде на очите
Одличен релаксант и позитивен влијател врз психичката состојба на консументот.
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување