Македонско традиционално макало
Состојки:
10 печени пиперки
1 печена лута пиперка
2 домати
5 гранчиња магдонос
5-6 чешниња лук
по потреба сол, масло.
Подготовка:
Во сад за толчење ставете го лукот, посолете и истолчете го.
Пиперките исецкајте ги и додајте ги во садот и потоа истолчете ги и нив.
Доматите излупете ги, благо истолчете ги, исецкајте ги и додајте ги во садот.
Потоа додајте го и сецканиот магдонос, па посолете и посипете со масло (ладно или може малку загреано).
На крај, измешајте добро и послужете со топло лебче.
Автор: Катерина Милошевска Глигороска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување











