Колпите (Тетовски мазник)
Тетовскиот мазик кој уште се нарекува колпите, тегната пита претставува една од традиционалните пити во нашата земја.
Состојки:
1 кг брашно
1 лажица сол
5 лажици масло
400-500 мл млака вода
фил по желба (сирење, праз, месо, јаболка, тивка)
Подготовка:
Брашното го сееме со сито.
Во сад за месење го ставаме брашното, ги додаваме солта, маслото и млаката вода. Тестото го месиме подолго време, затоа што тоа е оснива за да добиеме убаво истегнати тенки кори.
Тестото го оставаме 30 минути во садот за месење, прекриен со кујнска крпа.
Во меѓувреме може да го подготвите филот.
Тестото се дели на 5 парчиња од кои се формираат топки, а потоа од истите се сукаат кори.
Суканите кори ги ставаме над покривка (стар чаршав) и се премачкуваат со масло. Се оставаат 10 минути, а за тоа време се подготвуваат тавите за печење кои се премачкуваат со масло.
На маса со покривка се зема една од корите и потоа внимателно прво се растегнува на раце, а потоа се става над покривката. Со раце под кората внимателно се растегнува прво средината, а потоа се влече од краевите.
Одкако кората ќе се истегне се попрскува со масло, се поросува со фил и заедно со покривката се формира кора од двете страни на масата и се рола во круг.
Исто се постапува и со другите кори. Мазникот се попрскува со масло и се пече на температура од 250 степени, додека не добие убава румена боја.
Одкако ќе се испече се вади од рерна и се попрскува со ладна вода, се покрива со кујнска крпа и се остава 10 минути, да се излади, а потоа се служи.
Автор: Даниела Џогова
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување













