Maznik – Mahz-neek (Мазник)
seen from United States
seen from China
seen from United States
seen from United States

seen from United States
seen from United States

seen from Malaysia
seen from China
seen from Venezuela

seen from Malaysia
seen from China
seen from United States
seen from China
seen from China

seen from Malaysia

seen from Malaysia
seen from Japan
seen from Malaysia

seen from Malaysia

seen from Malaysia
Maznik – Mahz-neek (Мазник)
Maznik – Mahz-neek (Мазник)
Мазничиња со мелено месо
Состојки:
400 гр брашно
1/2 филџан масло
1/2 лажичка сол
малку шеќер
млака вода по потреба
Фил
400 гр мешано мелено месо
1 главица ситно сечкан кромид
100 гр пармезан (може да користите кашкавал за замена)
малку масло, зачин, црн пипер, вода
Подготовка:
Во длабок сад за месење ставете ги сите состојки за тесто. Замесете средно меко тесто.
Тестото поделете го на 7 дела. Секој дел обликувајте го форма на топче, а потоа секое топче исучете го како мала кора. Корите премачкајте ги со масло и оставете ги 30 минути.
Во меѓувреме подгответе го филот. Во тава на оган ставете малку масло и додајте го сечканиот кромид. Кратко пропржете го и додајте го меленото месо. Зачинете и постепено додавајте вода додека се добие кашеста смеса. Сосема на крај додајте го пармезанот.
Секоја кора растегнете ја со раце на чаршав, попрскајте ја малку со масло и нанесете од филот.
Соберете ја со помош на чаршавот најпрвин како ролат, а потоа во вид на полжавче.
Повторете ја постапката со сите кори.
Подготвените мазничиња ставете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреена рерна на 200 степени, додека убаво поруменат.
Автор: Катерина Милошевска Глигороска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
Рецепти за мазник
Традиционално за Св.Василиј во некои делови од Македонија, се припрема мазник со паричка. Верувањата се дека, на тој што ќе му се падне паричката ќе го служи среќа во текот на целата година. За вас припремивме листа на мазници, кои ги подготвуваме дома, а вие изберете си мазник по ваша желба:
Мазник
Колпите (тетовски мазник)
Мазник со готови кори - најлесен начин
Мазничиња со мелено месо
Мазник со сирење
Мазник на прилепски начин
Постапката за изработка на тегнат мазник убаво ја прикажува Лила на следната слика, а ние направивме мала доработка на истата:
Автор: М-р Марија Кочовска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
Колпите (Тетовски мазник)
Тетовскиот мазик кој уште се нарекува колпите, тегната пита претставува една од традиционалните пити во нашата земја.
Состојки:
1 кг брашно
1 лажица сол
5 лажици масло
400-500 мл млака вода
фил по желба (сирење, праз, месо, јаболка, тивка)
Подготовка:
Брашното го сееме со сито.
Во сад за месење го ставаме брашното, ги додаваме солта, маслото и млаката вода. Тестото го месиме подолго време, затоа што тоа е оснива за да добиеме убаво истегнати тенки кори.
Тестото го оставаме 30 минути во садот за месење, прекриен со кујнска крпа.
Во меѓувреме може да го подготвите филот.
Тестото се дели на 5 парчиња од кои се формираат топки, а потоа од истите се сукаат кори.
Суканите кори ги ставаме над покривка (стар чаршав) и се премачкуваат со масло. Се оставаат 10 минути, а за тоа време се подготвуваат тавите за печење кои се премачкуваат со масло.
На маса со покривка се зема една од корите и потоа внимателно прво се растегнува на раце, а потоа се става над покривката. Со раце под кората внимателно се растегнува прво средината, а потоа се влече од краевите.
Одкако кората ќе се истегне се попрскува со масло, се поросува со фил и заедно со покривката се формира кора од двете страни на масата и се рола во круг.
Исто се постапува и со другите кори. Мазникот се попрскува со масло и се пече на температура од 250 степени, додека не добие убава румена боја.
Одкако ќе се испече се вади од рерна и се попрскува со ладна вода, се покрива со кујнска крпа и се остава 10 минути, да се излади, а потоа се служи.
Автор: Даниела Џогова
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
Mазник на прилепски начин
Потребни состојки:
1кг брашно
1 лажица сол
1-2 филџани масло
млака вода по потреба
сирење по вкус
Подготовка:
Брашното заедно со солта се замесуваат со млака вода во количина по потреба.
Oд тестото се прават топчиња поголеми од тупаница и се мачкаат со масло на површината.
Така спремени се оставаат да стојат 20 минути.
Потоа од секое се тегни голема тенка кора врз која се нанесува сирење, а може и кашкавал.
На крајот, се витка како ролна и се печи.
Автор: Маја Долеска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
Мазник со сирење
Состојки:
1 кг брашно
1 мала лажичка сол
млака вода по потреба
сирење
Подготовка:
Брашното го сееме во длабокиот сад, ја додаваме солта и млаката вода. Тестото го убаво го месиме.
Тестото го делиме на четири дела. Секој дел го расукуваме со сукало на мали кори. Корите ги премачкуваме со масло и ставаме малку брашно.
Корите ги ставаме една врз друга.
Вака подготвените кори ги превртуваме, така што најгорната кора ќе биде последна и ги растегнуваме над чаршав.
Над кората попрскуваме со масло и нанесуваме од сирењето. Со помош на чаршав, кората ја виткаме во вид на ролна.
Ролните ги ставме во плех.
Мазникот го печеме на температура од 250 степени.
Автор: Даниела Димшовска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
Мазник
Состојки:
700 грама брашно
1/8 квасец
50 мл масло
1 мала лажичка сол
200 мл газирана минерална вода
млака вода по потреба
фил по желба (спанаќ, сирење, мелено месо, кисела зелка)
Подготовка:
Квасецот го разматуваме со млака вода во длабок сад.
Брашното го сееме во длабокиот сад и го додаваме маслото, солта и минералната вода.
Тестото го месиме и додаваме вода по потреба, се додека не се добие меко тесто.
Од тестото формираме 4 кори (со дијаметар од 15 см) кои ги притиснуваме со рацете, а потоа нив ги мачкаме со масло. Ги оставаме корите да киснат 20 минути.
Над чаршав секоја од корите ја тегнеме, се додека не се добие тенка кора. Краевите од кората ги отстрануваме. Над кората попрскуваме со масло и нанесуваме од подготвениот фил. Со помош на чаршав, кората ја виткаме во вид на ролна.
Ролните ја виткаме во форма на круг и ги ставаме во тава за печење.
Мазникот го печеме на температура од 250 степени.
Автор: М-р Марија Кочовска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување