RAVANIJA WITH COCONUT
seen from Guam

seen from United States
seen from United Kingdom
seen from Yemen
seen from Australia
seen from Yemen
seen from Singapore

seen from United States
seen from Switzerland
seen from United States

seen from Russia

seen from United States
seen from United States
seen from Brazil
seen from Singapore
seen from Germany
seen from Türkiye

seen from Switzerland

seen from Switzerland

seen from United States
RAVANIJA WITH COCONUT
RAVANIJA (DOUGH COVERED WITH SHERBET)
Раванија со чоколадо
Состојки:
7 јајца
7 лажици шеќер
5 лажици гриз
1 прашок за печиво
6 лажици брашно
100 гр црно чоколадо за готвење.
Шербет:
1л млеко
7 лажици шеќер
2 лажици какао.
Подготовка:
Прво се матат јајцата со шеќерот, а потоа кон нив се додаваат гризот, брашното и прашокот за печиво.
На крајот се ренда чоколадото и содржината добро се меша, па се става во поголем плех да се пече 20 минути на 180 степени.
Додека се лади испечениот кекс, во меѓувреме се спрема шербетот.
Млекото се вари со шеќерот околу 5 минути и се додава какаото. Се остава да врие околу 2-3 минути, а потоа се трга на страна малку да се излади.
На крај, ладниот кекс се прелива со млакиот шербет и се остава за време од 2 часа да се впие шербетот и убаво да се олади.
А потоа, време е за сервирање!
Автор: Даниела Џогова
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
Раванија со вишни
Состојки:
6 јајца
6 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
6 лажици брашно
6 лажици гриз
1 прашок за пециво
300 грама вишни без семки
За шербет:
2 шолји шеќер
4 шолји вода
Подготовка:
Во сад за матење ги ставаме јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Ја матиме смесата додека шеќерот се растопи и јајцата ја постигнат посакуваната цврстина.
Во садот ги додаваме брашното, пецивото, гризот. Ја мешаме смесата со лажица.
Ги додаваме вишните и мешаме.
Во тава претходно намрсена ја ставаме смесата и печеме на температура од 220 степени.
Кога раванијата ќе се испече, ја тргаме тавата и оставаме да се излади.
Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот и водата. Откако ќе зоврие шербетот, тенџерето го ставаме на страна и чекаме малку да се излади.
Изладениот кекс го потурваме со топлиот шеќер. Декорираме по желба.
Автор: М-р Марија Кочовска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување