душата да ти ја љуби и соголи.
Убавината на животот е да имаш со кој кафе наутро да испиеш и разговори тивки да водиш. Да имаш кој срце да ти разбуди и сите сетила да ти ги скокотка. Убавината е да имаш со кој тагата да ја споделиш, од товарот твој тој на грб малку да понесе. Да имаш некој кој светови ќе ти гради, а не до темел да ги руши, од ден во ден. Убавината е да имаш некој да мислиш со насмевка на лице во хаотичниот ден, или да се грижиш или да посакуваш. Да ти текнува на него со љубов, не со горчина. Убавината е да имаш некој со кој вино ќе испиеш во ноќите кога немо седите еден крај друг, молчите и уживате. Во самото ваше постоење е убавината. Да имаш некој со кој постела ќе поделиш, кој ќе умее душата да ти ја љуби и соголи. Да имаш некој со кој убавината на животот да ја поделиш, бидејќи таа е и кафе и пцовка, прегратка и солза, дете и среќа, загуба и болка. Убавината е во илјадниците бои на животот, се додека имаш со кој да ја споделиш.










