Te гледам во очите и сонувам за љубов, без ронка сомнеж во мене, за љубов наша како океан бесконечен.
Како брод кој плови по него. Брод кој сонце го грее и бура го бранува, а јас цврсто до тебе, во синилото околу нас се губиме, со само еден поглед во очите.
Се има смисла, сите парчиња од сложувалката се на своето место кога си крај мене.
Илузија? Да, бродот наш со еден човек е во него, една изгубена душа, мојава...
Да, илузија е, сонови сонувам...денгубам, со мои мисли кај тебе.
Ми бегаш со погледот, ми бегаш со душата...затворена школка која бисерот скржаво го крие, мисли ќе го украдам.
Не се краде љубовта, око мое, не се краде.
Ја споделуваме и расте, па тогаш пловиш и срце ти се радува.
Сега само тагува, сега се дави во океани, без сончев зрак да го огрее и птица да му запее.
Талка по светот, пристаништа илјадници, но едни очи бараат, никако не ги наоѓаат.