Начинот на кој јадеме е многу важен фактор за нас и нашето здравје. Пожелно е да не јадеме додека се движиме, а исто така не треба јадеме набрзина. Наместо тоа треба да уживаме во храната што ја консумираме, да јадеме пополека и не е препорачливо да гледаме телевизија додека јадеме.
Во денот треба да имаме од 3 до 5 оброци од кои 3 би биле главни оброци и 2 ужини кои секако не смееме да ги пропуштаме.
Препорачливо е доручекот да биде во исто време секој ден, а најдобро време за тоа е помеѓу 8 и 9 часот наутро, а вечерата да биде најдоцна до 19 часот. Овие факти се наведени од едноставна причина што сите функции во организмот се одвиваат спрема биолошкиот часовник, со одреден ритам и варење на храната.
Како и врз сите преостанатите процеси, така и врз процесот на варење на храната стресот, нервозата и негативното расположение делуваат многу негативно.
Редовно водете сметка за количината и состојките на храната што ја внесувате.
Припремањето на храната нека ви претставува задоволство, а воедно водете грижа за состојките што ги употребувате и внимавајте што повеќе да ја задржите нивната хранлива вредност.
На пример за одличен појадок и идеален почеток на денот, можете да појадувате: едно парче интегрален леб намачкан со млечен намаз кој е богат со есенцијални масни киселини и една чаша свежо цеден сок од овошје и зеленчук.
Во текот на денот конзумирајте многу течности, до 2 литри вода и можете дополнително да пиете природни сокови, негазирани или незасладени сокови.
Конзумирајте колку што можете повеќе овошје, зеленчук и јаткасти производи.
И не заборавајте секогаш после оброкот имајте физичка активност, пешачете, вежбајте, но никако не одете на спиење.
Автор: Марина Иваноска Ружиновска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување