Посен ориз со спанаќ и лимон
Состојки:
200 гр ориз
250 гр свеж спанаќ
1 главица ситносечкан кромид
2 чешниња ситно сечкан лук
1/2 лажичка куркума
1 лимон (само сокот)
по потреба топла вода
по потреба маслиново масло, мешан сув зачин, црн пипер
Подготовка:
Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее. Додајте го сечканиот кромид и лук и пржете додека омекнат.
Потоа додајте го оризот и пржете 3-4 минути.Во тавата додајте го спанаќот исечкан на мали парчиња и пропржете го 1 минута, па налејте 3 црпалки топла вода, зачинете со куркума, мешан сув зачин и црн пипер.
Промешајте и во текот на готвењето постепено додавајте по потреба топла вода. При крај додајте го сокот од исцедениот лимон. Послужете го топло.
Автор: Катерина Милошевска Глигороска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување













