Тестенини со цвекло и ф'стаци
Состојки:
300 гр тестенини во вид на школки или по желба
250 гр варено цвекло
30 гр ф'стаци
200 гр крем сирење
1 лажица путер
по вкус сол и бибер.
Подготовка:
Најпрво цвеклото се сечка на мали коцки и заедно со ф'стаците се ставаат во блендер.
Се блендират додека се изедначат и се добие кашеста смеса.
Смесата се става во голема длабока чинија, а потоа се додава крем сирењето, сол и бибер по вкус и се меша.
Во меѓувреме се варат тестенините во посолена вода, се цедат и се додаваат во сосот од цвекло.
На крај, се додава путерот и убаво се мешаат.
Се служат посипани со пармезан.
Комбинацијата ќе ви изгледа интересна и нова, а доколку сакате цвекло ова е одличен предлог да пробате, сигурно ќе ви се допадне.
Автор: Невена Ѓероска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување









